Службите за издавање биометриски документи ќе работат и во сабота

Наделжните во охридската полиција потсетуваат на крајниот рок за замена на личините карти кој истекува на 27 февруари, така што најголем број граѓани има токму во редиците за замена на тој вид документи.

 |   | 
licna karta
licna karta

licna kartaНаделжните во охридската полиција потсетуваат на крајниот рок за замена на личините карти кој истекува на 27 февруари, така што најголем број граѓани има токму во редиците за замена на тој вид документи, иако има и граѓани кои имаат намера да ги заменат сите останати документи, независно што рокот за нивна замена истекува на есен.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски изјави дека поради зголемиот број барања за замена на старите документи за идентификација со нови, службите каде се врши издавање нови и замена на старите документи од наредниот викенд ќе работат и во сабота, односно во текот на сите наредни саботи до истекувањето на рокот за замена на документите, и тоа во периодот од 9 до 14 часот.

Според податоците на СВР Охрид, службите за замена и издавање биометриски документи во текот на минатата 2011 година издале 10.333 нови биометриски лични карти.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top