Службеник самоиницијативно „им пресуди“ на дрвјата на Партизанска

Дрворедот на ул. “Партизанска“ остана без шест стебла. Овој вандалски чин ја вознемири охридската јавност.

 |  Валентина Нелоска  | 
iseceni stebla
исечени стебла

iseceni steblaДрворедот на улицата “Партизанска“ остана без 6 стебла. Овој вандалски чин ја вознемири охридската јавност.

На кого му пречеа дрвјата и кој донесе решение за овој чин, одговор побаравме од Локалната самоуправа. Од таму информираат дека дрвјата се исечени без знаење на градоначалникот и раководителите на секторите задолжени за оваа проблематика.

Во рамките на администрацијата на Локалната самоуправа, постои четиричлена Комисија за сечење на дрвја, составена од стручни лица вработени во локалната. По барање на граѓани или правни лица, по претходно информирање на градоначалникот или неговите соработници, членовите на комисијата излегуваат на терен и прават проценка дали некои дрвја требаа да се сечат или поткаструваат. Потоа се носи решение, за кое мора да се информира градоначалникот или неговите ресорски соработници и раководители на сектори.

Во овој случај направени се повеќе пропусти, објаснуваат од локалната. Еден член на комисијата, злоупотребувајќи ја службената положба, сам донел решение за сечење на дрвјата. Имено, членовите на комисијата излегле на терен и оцениле дека четири дрвја треба да се поткастрат, а не да се исечат од корен, како што сам на своја рака во решението напишал еден од членовите. Тој дозволил, на барање на сопственикот на еден од објектите на улицата, да се пресечат уште две дрва со изговор дека тие паднале при сечењето на претходните четири стебла. Портпаролот на Локалната самоуправа вели дека овој инцидент, градоначалникот Александар Петрески го толкува како груба злоупотреба на неговото отсуство, бидејќи за овој случај не бил воопшто консултиран.

Против вработениот, кој дозволил да се исечат 6 дрвја започната е дисциплинска постапка , а против сопственикот на објектот кој барал сечење на уште две дрва ќе биде поднесена кривична пријава. За да се намали нанесената штета, Петрески најавува дека наскоро на истото место ќе бидат засадени нови садници.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top