Вевчанецот Боже Јанкоски, кој бил печалбар во Словенија, заедно со неговото семејство се пример како со чесно и домаќинско работење може успешно да се работи и дома.
Вевчанецот Боже Јанкоски, кој бил печалбар во Словенија, заедно со неговото семејство се пример како со чесно и домаќинско работење може успешно да се работи и дома.
Тие започнале свој бизнис во областа на пекарството најпрво во Вевчани, па Струга за сега да се прошират со млечен ресторан и во Охрид.
Леб со кромид, компири и маслинки, голем број на печива се производи со врвен квалитет. Оние кои ги вкусиле производите на „Алмико“ топло ги препорачуваат на Охриѓани.
Производите се работени со врвна технологија и по Хасап системот во прехранбената индустрија. Производството му е доверено на словенечки технолог. Исидор Доминик, вели произведуваме леб на посебен начин, без или со многу малку адитиви, а процес на ферментирање од 3 и повеќе часови со што лебот добива продолжена свежина.
Покрај високиот квалитет на производите, многу се внимава на хигиената при услугата, а при тоа цената е иста како и кај останатите производители вели Јанкоски.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град