Слободно прашај, имаш каде

Гимназијалците од „Св. Климент Охридски“, вчера го дочекаа караванот на анти AИДС кампањата, но нивните очекувања не ги исполнија Министрите за здравство и образование, бидејќи не дојдоа, иако беа најавени.

 |  Билјана Николовска  | 
kampanja
кампања

Македонскиот амбасадор на анти АИДС кампањата Дани Димитровска, рече дека овој караван е од огромно значење. Таа смета дека за сексуалното и репродуктивното здравје малку се зборува дома, додека пак училиштето според неа е адекватен терен за поопсежено дебатирање на оваа тема.
Часот по сексуално и репродуктивно здравје пред гимназијалците го одржа Др. Јованка Коровешоска Стурлакова. Таа појасни колкава е потребата од едукација и правилен пристап кон оваа тема.

Се наметнува прашањето, „Кога се вложува во вака големи и важни проекти за младата популација, зошто изостануваат главните носители, Министерството за здравство и Министерството за образование. Тие вчера не присуствуваа на караванот на анти АИДС кампањата, иако имаше најава за нивно присуство. Но, потфрли и организацијата на караванот. Тие наместо во закажаниот термин 18 и 30 часот доцнеа час и половина, без образложение за тоа. Она што е важно за градот е дека директорот на гимназијата се покажа џентлмен и испрати подароци за Министрите за здравство и образование, уметнички дела изработени од учениците, а на Дани и подари букет цвеќе, како мало внимание за нејзиното престојно патување во Америка.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top