„Слободни избори за слободни граѓанки и граѓани“

Само со јакнење на свеста на граѓаните и граѓанките за моќта која ја имаат на самиот ден на изборите ќе имаме фер и демократски избори, велат од центарот ЦИВИЛ. Тие бараат граѓанките и граѓаните на Охрид да бидат свесни и совесни граѓани на оваа земја за на идните генерации да им оставиме нешто друго, освен економски долгови.

 |  Јаковлева Лионела  | 

„Слободни избори за слободни граѓанки и граѓани“, ова е пораката која центарот ЦИВИЛ ја испрати од Охрид.  На средбата на која присуствуваа претставници од медиумите, граѓани и граѓански организации, и претставници на политички партии, беше нагласена целта од целокупниот проект, јакнење на свеста на граѓаните и граѓанките за моќта која тие ја имаат на самиот ден на изборите.

Граѓаните зад параванот на самите избори имаат право слободно да ја изразат својата волја и со тој чин да ги изберат оние кои ќе ја спроведат нивната политичка волја и кои за сите свои постапки за време на мандатот ќе ја сносат целата одговорност, а на своите избирачи ќе им даваат отчет за се што сработиле или не сработиле, рече Синиша Станковиќ, уредник во ЦИВИЛ Медиа.

Политичката ситуација во Македонија, обидите за нејзино надминување на државно ниво, како и рефлексиите на политичката криза на локално ниво ќе имаат влијание и врз самите избори, велат од ЦИВИЛ. Но тие подвлекоа дека претстојните парламентарни избори во април наредната година, мора да се спроведат во демократска атмосфера, со целосно почитување на човековите права и слободната волја на гласачите.

Се надеваме дека со овој вид на средби ќе успееме да ги пренесеме нашите основни ставови до граѓанките и граѓаните на Охрид, да бидат свесни и совесни граѓани на оваа земја, да направиме се што можеме на следните поколенија и идни генерации да им оставиме нешто друго, освен економски долгови, кажа Станковиќ.

Со проектот „Слободни избори за слободни граѓанки и граѓани“ освен Охрид се опфатени и  Скопје, Битола, Штип и Велес. Финансиски е поддржан од Германската амбасада.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top