На игрите, уметници од целиот свет, и тоа сликари, скулптори, режисери, пејачи, архитекти и слично, ќе се обидат да ја промовираат уметноста од својата земја на еден поинаков начин.
На „Светските уметнички игри“ кои годинава се одржуваат низ неколку градови од Република Хрватска, четиристотини уметници од 52 земји во светот ќе се обидат на еден поинаков начин да им ја доближат уметноста на сите оние кои уживаат во нејзината убавина. Македонски преставник на игрите, е Охридскиот ликовен уметник Славко Упевче.
„Во Загреб и неколку други градови во Хрватска се организираат светски уметнички игри со 400 учесници и со две мои дела јас сум претставен како ликовен уметник од Република Македонија. Таа изложба како што кажа и Похижек ќе оди и во Лудбрег и низ неколку градови во Хрватска. Се надеваме дека за неколку години и нашата Република Македонија, ќе стане член на ЕУ“ вели Упевче.
Тој, на игрите ќе се претстави со две слики, и тоа едната со мотиви на Црквата Св. Софија, а другата со мотиви од Св. Наум. Стјепан Похижек од здружението на уметници „Ликовен круг Похижек“, од Сасвете Загреб, рече дек е голема чест да се биде единствениот претставник на еден ваков реномиран уметнички настан.
„Славко учествува со својата слика на постановката во Лудбрег, тој е единствениот Македонец, кој ќе се претстави на „Светските уметнички игри“. Не е тоа само сликарството, туку има претставници од сите гранки на уметничката експресија. Тоа се првите игри на културата, кои ги организира наш академски сликар, кој ќе се претстави со свои слики тука во Охрид, Петар Вајс,“ објаснува Похижек.
Инаку „Светските уметнички игри“ се одржуваат секоја втора година и траат десетина дена. Оваа година ќе се одржат низ неколку градови на Република Хрватска во периодот од 29 јули до 10 август. Инаку на „Светските уметнички игри“ учествуваат тимови на уметници од земји насекаде низ светот, кои ги избираат селектори организирани во национални одбори.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град