Слатинското езеро обраснато со вегетација

Слаинското езеро е целосно обраснато со вегетација, повремено го полнат обилните дождови и надојдените реки. Во 2018та година беше извршена санација на браната но за да може езерото да се користи за рекреативен риболов и туризам мора да се исчисти басенот и да се уреди просторот околу езерото.

 |  Соња Рилковска  | 

Слатинското езеро со години зјае празно. Наместо  туристичка атракција  во Дебрца,  до скоро беше  мочуриште обраснато со бујна вегетација. Последните дождови и снег го поднаполнија  езерото, но  водата се испушта од браната ,  бидејќи мора да се  исчистат обраснатите врби.
После еколошката катастрофа во февруари 2013 година,   во 2018 се изврши санација на браната , но  проблемот остана нерешен.

„Ургентно треба да се изврши чистење на дното  на  езерото беа преземени обврски од страна  на Водостопанство дека ќе се среди,   но за жал до овој период такво чистење не се изврши сега нормално атмосферските влијани  си го сторија своето,  водата надојде преку Мраморечка река“ , вели Зоран Ногачески

Планот на локалната самоуправа со години е да се уреди и просторот околу Слатинското езеро. Покрај за риболов езерото може да биде атрактивно и за равој на туризмот, одмор и рекреација во живописната природа.

„Поставивме туристички содржини околу Слатинското езеро, средствата беа обезбедени преку Швајцарската агенција за соработка. Ако сакаме да го развиваме тој туристички потенцијал да го развиваме  туризмот на Слатинско езеро нормално дека треба да се исчиси езерото од целата таа вегетација“, додава Ногачески.

Точно пред седум години  земјено насипната  брана на Слатинското Езеро, изградена во 1963 година,  пукна поради што  се испразни целото езеро. Вештачкиот воден ресурс,  богат со над 20 автохтони видови риба, остана целосно без вода, со што беше  уништена целокупната флора и фауна. Денес коритото на езерото е  целосно обраснато со трска, повремено го полнат обилните дождови и надојдените реки.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top