Штетата која веќе една деценија ја нанесе негативна кампања против ХПВ вакцината, заснована на паушални и нецелосни информации е поправлива, сметаат од центарот за јавно здравје. Потребно е време за едукација на младите мајки во бенефитите кои ги носи оваа вакцина.
Штетата која веќе една деценија ја нанесе негативна кампања против ХПВ вакцината, заснована на паушални и нецелосни информации е поправлива, сметаат од центарот за јавно здравје. Потребно е време за едукација на младите мајки во бенефитите кои ги носи оваа вакцина.
Задолжителната вакцинација против хуман папилома вирусот продолжува со слабо темпо. Општина Охрид останува заедно со Скопје, еден од градовите каде вакцинацијата против ХПВ вирусот најслабо се спроведува. И покрај тоа што стручните лица речиси една деценија ги убедуваат родителите во исправноста и безбедноста на ХПВ вакцината и нејзиниот позитивен ефект во спречување на ракот на грлото на матката чиј предизвикувач е ХПВ вирусот, во Охрид и Дебрца е поразителна бројката на родителите кои одбиваат нивните девојчина да ја примат ХПВ вакцината, која од крајот на 2009 година е задолжителна и во нашата земја.
„Охрид сеуште бележи низок процент на вакцинирање против ХПВ вакцина која се дава на 12 годишна возраст, која мора да ја примаат девојчињата, без разлика што многу од родителите, се казнети, сепак е многу слаб одзивот. Од секогаш Охрид после Скопје е еден од градовите каде вакцинацијата е најниска против ХПВ“ велат од Центарот за јавно здравје во Охрид.
Уште на самиот старт кога оваа вакцина влезе во календарот за задолжителна имунизација матичните лекари и гинеколози водеа негативна кампања за ХПВ вакцината, заснована на паушални, нецелосни информации кои беа обично земени од интернет, вели Др. Јованка Стурлакова Коровешоска. Ситуацијата ќе се подобри, но потребно е време за едукација на младите мајки во бенефитите кои ги носи оваа вакцина, додава доктор Коровешоска.
„Од почетокот дел од повозрасните гинеколози беа против вакцината, тие коиште требаа да ја промовираат ефикасноста на вакцинаа заради спречување на карциномот на матката“, објаснува Др. Јованка Стурлакова Коровешоска.
Во светот, пак досега вакцината ја примиле 50 милиони млади девојки на различна возраст во 42 земји во Европа, Сад и Канада. ХПВ инфекциите се најчесто сексуално преносливи кои резултираат со неколку заболувања меѓу кои и ракот на грлото на матката.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град