За социјалните проблеми не треба да се молчи туку отворено да се разговара за нив. Треба да се надмине стравот од стиматизација и да се побара помош, сметаат мештаните на туристичката населба Пештани. Продолжува проектот на Министерството за труд и социјална политика, „Отворени социјални денови“ во руралните средини во периодот од септември до ноември годинава.
Директорот на Меѓуопштинскиот Центар за социјална работа, Екрем Каљоши во посета на туристичката населба Пештани, за да ги слушне проблемите на луѓето кои се под социјален ризик. Одзивот на мештаните беше слаб, но сепак и оние малку присутни, го поздравија Владиниот проект „отворени социјални денови“ во руралните средини и го изнесоа нивното мислење во врска со средбите од ваков карактер. Тие бараат поголема вклученост на институциите не само на Центарот туку и на Локалната самоуправа на Охрид.
„Имам болно дете од аутизам и задоволна сум од услугите од Центарот, но сепак мислам дека треба поголема грижа да се обрати и поголема парична помош за децата и да се отвори центар за ваквите деца барем по неколку саати во денот да престојуваат
„Јас имам две лица со посебни потреби од аутизам и разговаравме во осова за примањата што ги добиваме што сме задоволни од редовноста на исплата но можат да бидат поголеми бидејќи ни требаат за лекување. Сакам да укажам на тоа дека бевме примени од првата дама на РМ на Маја Иванова во резиденцијата на Билјана многу сме задоволни од приемот, на ветената заштита и еве како што гледам почнува да се реализира, бидејќи како што слушаме во Охрид ќе се отвори дневен центар за лицата со посебни потреби кој ќе биде под капа на државата и заедно со Локалната самоуправа“ велат мештаните.
Пештани денес иако е модерна населба со 1360 жители не е имуна на некои социјално ранливи категории, нагласува претседателот на МЗ Драган Тренески.
„Процентуално тоа е можеби некаде околу 7% точната бројка сеуште не е точно дефинирана но сепак за сите се води грижа во поглед на сите проблеми што се од социјален карактер да бидат во рамките на МЗ решени. Ние сме задоволни од соработката со Центарот за социјални грижи но како и секоја друга соработка така и оваа може да биде подобрена во контекс на поголема транспарентност, близина, поголем интензитет на самите состаноци едукативни предавања и сл“– изјави Тренески.
Тренески ја поздравува иницијативата на Центарот за социјална работа во спроведување на Владиниот проект и смета дека пред секој проблем не треба да се молчи туку треба отворено да се разговара со цел да се надмине истиот. Директорот на Меѓуопштинскиот Центар за социјална работа Екрем Каљоши, вели дека наредните три месеци на информативните средби за правата и услугите од социјалната заштита како и давање информации за услуги кои се обезбедуваат од други институции за остварување на социјалните права, ќе има и нови содржини.
„При овие посети ќе ги информираме граѓаните во врска со активностите за згрижувачки семејства во рамките на проектот „На секое дете му е потребно семејство“, каде што ќе вршиме промоција на системот на згрижувачко семејство“ – рече Каљоши.
Каљоши потенцира дека од досегашното искуство при реализација на средби од ваков карактер еден од проблемите со кои се соочуваат мештаните е превозот и неможноста да доаѓаат во Центнарот. Затоа во дел од нивните активности предвиделе да се доближат до странките така што нивното барање за остварување на некое право ќе го прават на лице место. Во проектот „Отворени социјални денови“ во руралните средини во тимот на Центарот за социјалана работа вклучено е и стручно лице од Локалната Самоуправа. Во овој проект вклучени се сите населени места во општина Охрид и Дебрца.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град