Слаб е интересот во Охрид за сместување на деца во згрижувачко семејство. Од Меѓуопштинскиот Центар за социјална работа во Охрид откриваат дека причина за тоа е недоволната информираност на населението за овој проект на Министерството за труд и социјална политика.
Во тек е кампањата на Министерството за труд и социјална политика „На секое дете му е потребно семејство“. За таа намена охридскиот Центар за социјални работи изготви акционен план за спроведување на владината кампања, во кој предвидено било настап на медиумите како и трибини во населените места во градов и руралните средини, вели Гордана Атанасова од Центарот. Планот се изготвувал со цел народот да се запознае со условите и критериумите како едно семејство да пројави интерес да биде згрижувачко, додава таа.
„Во Охрид засега имаме две згрижувачки семејства, сметаме дека интересот е слаб и за таа намена е кампањава за да пред се ги информираме граѓаните што значи згрижувачко семејство кои права ги имаат тие што треба да им понудат на децата и сметаме дека со тие информации ќе ги поттикнеме да се решат на тој чекор да станат згрижувачко семејство. Потоа треба да се обратаат до нас за да ги упатиме за понатамошните чекори“.
Сместувањето во згрижувачко семејство претставува форма на заштита која овозможува грижа за лице кое има потреба од Дом заедно со одредено семејство, појаснува Павлина Пероска раководителот на социјалната заштита.
„Целта на овој облик на заштита е да му се даде љубов, топлина, топол дом и воспитание на децата чии родители се спречени да ја вршат родителската должност, од причина што еден од родителите е со нарушена здравствена состојба а другиот не е во можност да ги обавува функциите околу воспитанието и образованието на децата или ако родителите се починати“.
Како што информираат од Меѓуопштинскиот Центар за социјална работа од Охрид, потенцијалните згрижувачи на лице, добиваат обука, стручна помош од страна на тим на центарот, паричен надомест, односно надомест за трошоците за сместеното лице и надоместок за згрижување, право на паричен надомест за згрижувач. Згрижувач може да биде секој што сака да помогне на децата кои се наоѓаат во моментално тешки услови и поминуваат лоши моменти. Исто така згрижувачите треба да исполнат и одредени услови односно возраст, образование, здравствена состојба, материјалните и станбените услови и морална подобност.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град