Слаб интерес за престој во Охрид за време на Божикните празници

За Божикните празници повторно мала исполнетост на хотелските капацитети на брегот на Охридското езеро. Ширењето на корона вирусот е главна причина за малиот наплив на туристи во овој продолжен празничен викенд. Хотелскиот сектор повторно апелира за поддршка од владата.

 |   | 

Мал број на гости ќе престојуваат во Охрид за време на Божикните празници. Иако е продолжен споен викенд сепак интерес за патување нема. Причина е ширењето на корона вирусот и рестриктивните мерки кои се на сила. Овие празнични денови ќе има мал број домашни туристи и од соседството велат од ХОТАМ.

Нешто Бугарија, Грција ги откажа сите аранжмани кои ги имаат тие нели го слават Божик порано, но ги откажаа сите аранжмани, што доаѓаа после Новогодишните празници. Заради тоа што им бараат ПЦР тестови на враќање, Бугарија сеуште не им бара има мал интерес. Ќе имаме и некои гости од Србија, што може да спојат еден долг викенд. Времето не послужи, сончево убаво, се надеваме дека ќе има и некои на поминување, од Албанија туристи – вели Крсте Блажески, претседател на ХОТАМ.

Хотелскиот сектор е на работ на преживување, а сеуште нема никаква финансиска поддршка од државата.

Во моментов нема вадење на трошоците, во моментов е загуба, од тие денови што беа околу Нова година исполнетост имавме само 30%, која беше премала за да очекуваме некаква заработка. Со оглед на тоа дека и енергијата е поскапена многу, голем дел од колегите имаат испуштено на 70% плата само да се преживее. Да останат вработените осигурани и да земаат минимални придонеси со оглед на целата индустрија немаме минимални приходи – додава Блажески.

Факт е дека функционираме во многу тешки околности дефинитивно заедно менаџерите, вработените со максимална поддршка од сопствениците успеваме да го пребродиме овој многу кризен и тежок период. Поддршката од државата ја имавме и важно е дали ќе ја имаме неминовно е потребна. Како и да е сме оптимисти и борци се навикнавме да функционираме во вакви тешки околности – вели Тоше Чочороски, хотелиер.

Новиот бран и рапидното ширење на омикрон, кое во земјава се случи по Новогодишните празници ги загрижува туристичките работници, кои очекуваа 2022 година да биде година за закрепнување на туристичкиот сектор.

 

Новинар : Соња Рилковска  

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top