Скулптурата на јагулата поставена кај Потпеш

50 –то  јубилејно издание на Фестивалот Охридско лето ќе биде одбележано со изложбата на Сергеј Цингулоски, насловена „Угоре високо, удоло длабоко-Гола вода“.

 |  Валентина Неловска  | 
TVM
TVM

50 –то  јубилејно издание на Фестивалот Охридско лето ќе биде одбележано со изложбата на Сергеј Цингулоски, насловена „Угоре високо, удоло длабоко-Гола вода“. Станува збор за скулптура  на јагула која вечерва и официјално ќе биде отворена, а е поставена во водите  на езерото кај плажата Потпеш. Јагулата веќе предизвика голем интерес кај јавноста.

Ја поздарвуваат идејат на уметникот како мошне интересна и необична, но многу ефектна.

Скулптурата на јагулата е изработена од 50 дрвени делови, изработени во специфична техника од кои секој симболизира по една фестивалска година. Утрово таа и ласерски е измерена, нејзината должина изнесува 174,8 метри, а е тешка околу 2 тони. Со тоа јагулата ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди за најдолга дрвена скулптура во светот. Донација е на бизнисменот Зоре Темелкоски. Авторот Сергеј Цингулоски работел на уметничкото дело скоро една година  и е задоволен од текот на нејзиното поставување и од интересот на јавноста.

„Таа се однесува како жива, беше поставена на средина, ама се прилагодува на просторот и тоа е мошне специфично. Вечерва и официјално ќе му ја подарам на градот. Каде ќе биде поставена официјално сеуште не се знае иако се земаат во предвид неколку места“,  истакнува авторот Цингулоски.

Јагулата во езерските води ќе остане 10 дена, а по завршувањето на изложбата ќе биде во сопственост на градот. Но,од локалната самоуправа сеуште не избрале локација каде ќе биде поставена скулптурата. Со оглед на  материјалот од кој е изработена стравуваат истата да не биде оштетена, па затоа истакнуваат внимателно ќе изберат соодветна локација.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top