Скуба дедо мразовци го чистеа дното на Охридско Езеро

Викендов во Охрид нуркачите од клубот „Акватек“ спроведоа подводна еколошки активности на делови од дното на Охридското езеро. Членовите на нуркачкиот клуб облечени како дедомразовци од езерото извадија гуми од автомобили и камиони, лименки од пијалоци и пластични шишиња, кои ги лоцираа при нивните предходни рутински нуркања.

 |   | 

„Целта на оваа еко-акција е да ги заокружиме нашите подводни активности за годинава што изминува. Дополнително, сакаме да упатиме порака до сите наши сограѓани за подигнување на еколошката свест бидејќи заслужуваме чисто езеро, не само за нас, туку и за идните генерации​“, вели Никола Паскали од „Акватек“.

Ова е само една во низата вакви активности кои трае неколку месеци кога се вадеа делови од бела техника, градежен шут и делови од автомобили за кои членовите од клубот се сомневаат дека организирано се депонираат.

„Охридското езеро и останатите езера и реки се нашето богатство. Затоа ги покануваме сите нуркачи да се вклучат во нашите еко-акции за зачувување на водите и животната средина“,​ вели Даниел Атанасовски од „Акватек“ и додава дека и следната 2020 година, клубот ќе продолжи со ваквите подвизи не само во Охридското, туку и на останатите локации низ државата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top