Клубот годинава се поднови со простории што ќе им го олесни функционирањето. Брег на младоста брои 200 млади членови и околу 100 ветерани а од вчера нивен почесен член е и внукот на Тито, Јошка Броз.

Десеттата година од дејствувањето, Акцијашкиот клуб „ Брег на Младоста “ ја отпочнува во нови простории кои на клубот им беа доделени од страна на Општина Охрид и ЈП „ Градски пазар “. Оваа организација во изминативе девет години од постоење и работење оствари бројни акции кои беа значајни за Охрид но, и многу пошироко.
„ Ревизиравме многу активности , бевме на многу работни акции како во градов, републикава и надвор од Македонија . Кога во Србија кога ја зафатија големите поплави во 2014 – та година, кога Скопје го зафатија големите поплави 2016 година, бевме во Нови Пазар 2019 година на работната акција „ Рибарче“ којашто беше од еколошки карактер , а овде секоја година организираме по 5-6 еколошки акции за расчистување на брегот на езерото. Не престанавме ни за време на пандемијата, во текот на оваа година реализиравме две акции за расчистување на брегот на Охридското езеро. “- изјави Зоран Стевоски, претседател на АК „ Брег на младоста “

Целта на овој клуб е да го пренесе духот на акцијаштвото на младите луѓе. Стевоски вели дека тука ги учат да бидат солидарни , хумани и пријателски настроени, во што се чини дека успеваат.
„ Нашиот клуб брои 200 млади членови и околу 100 ветерани . Соработка имаме со осум клубови од Македонија и околу 40 клубови од бивша Југославија . Направивме една едукативна работилница за нови млади членови од седмо и осмо одделение во спортската сала „ Христо Узунов“ На наше задоволство многу млади се заинтересирани за акцијаштвото. “-вели Стевоски.
Највозрасен член на клубот од вчера официјално е и Јошка Броз, внук на Јосип Броз Тито кој присуствуваше на свеченоста по повод девет години постоење. Инаку, на иницијатива на АК „ Брег на младоста “ во Македонија се формирани уште 8 клубови.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град