Скопјанец се обидел да се ослободи од марихуаната пред полицајците

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „ неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни сустанци и прекурсори“ и „овозможување на употреба на опојни дроги“ полициската станица Струга против И.Н. (25) од Скопје поднесе кривична пријава.

 |  Голабовски Крсте  | 
droga
дрога

дрогаПоради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „ неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни сустанци и прекурсори“ и „овозможување на употреба на опојни дроги“ полициската станица Струга против И.Н. (25) од Скопје поднесе кривична пријава.

На шести јули оваа година, пријавениот отворајќи ја пред полициските инспектори предната хауба од неговото патничко моторно возило марка „БМВ“, исфрлил една најлон кеса со опојна дрога марихуана што претходно ја сокрил под хаубата на моторот до филтерот за воздух.
 
Дополнително кај пријавениот  во чорапот од левата нога пронајдено е уште едно кесе со помала количина марихуана како и дванаесет помали опаковки со синтетичка дрога амфетамин. Пронајден е и еден кујнски нож сокриен во патничкото моторно возило.

Настанот се случил на шести јули годинава во 20 часот и 20 минути на улицата „Владо Малески“ во Струга каде пријавениот пристигнал со негов пријател од Скопје. Тие имале средби со двајца наркозависници од Струга со кои заеднички на повеќе крајезерски места се оддавале на употреба на наркотичните дроги.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top