• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Странски компании пројавиле интерес за инвестирање во изградба на ски-центар на Галичица

Странски компании пројавиле интерес за инвестирање во изградба на ски-центар на Галичица

Странски компании, меѓу кои концерни од Швајцарија, Австрија, Катар и Азербејџан, пројавиле интерес за инвестирање во изградба на ски-центар на Галичица. Преговорите сеуште траат. Доколку се најде сериозна понуда за инвестирање во таков крупен зафат Владата ќе пристапи кон објавување на тендер.

 |  Јаковлева Лионела  | 
galicica
галичица

Дали на повидок е започнувањето на реализација на еден капитален проект за градов, а тоа е изградба на ски-центар на Галичица. Според изјавата што за ТВМ ја даде Градоначалникот Никола Бакрачески неколку странски компании пројавиле интерес за инвестирање во ски- центарот.скијање

Во изминатиов период од она што јас го добив како информација од преставниците на МЕПСО и од економскиот промотор во Владата на РМ знам дека   неколку странски компании, меѓу кои концерни од Швајцарија, Австрија, Катар и Азербејџан, пројавиле интерес за инвестирање во изградба на ски-центар на Галичица, но преговорите сеуште трат, рече Бакрачески.

Доколку се најде сериозна понуда за инвестирање во таков крупен зафат што чини десетици милиони евра, Владата ќе пристапи кон објавување на тендер како следна фаза во реализацијата на тој проект, рече Бакрачески.galicica
Инаку, мастер-планот и физибилити-студијата за изградба на ски-центар на Галичица го изработи Македонскиот електропреносен систем оператор (МЕПСО), има објавено и оглас за пројавување интерес за изградба и стопанисување со ски-центарот што се уште е во тек.Поканата за пројавување интерес беше објавена кон средината на јуни годинава, при што на заинтересираните инвеститори им беа понудени два пакета, и тоа првиот за изградба и стопанисување со ски-центарот и комплексот на Галичица од страната на Охридското Езеро, а вториот е за изградба на туристички комплекс од преспанската страна. Според мастер-планот изработен од странски консултантски фирми, ски-центарот на Галичица треба да се гради северно од врвот Kрле Гола Бука на надморска височина од 1.985 метри. До него ќе се стасува и со гондола, чија почетна станица ќе биде над селото Пештани, на надморска височина од 840 метри. Планирано е тој ски-центар да биде со среден капацитет, со некаде до три илјади посетители дневно. На скијачите на располагање ќе им бидат 15 километри ски-патеки, две четириседни жичници, два големи ски-лифта и една лента на ски-лифтот. Проектот предвидува и други содржини како хотели, ресторани и други туристички објекти, како и карпи за качување и патеки за планински велоспиедизам.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top