„Скејт парк“ по европски терк

Идејата на младите од Охрид, за изградба на „Скејт-парк“ која произлезе минатата година, конечно релизирана. Локалната самоуправа во соработка со „Ротари“ клубот од Охрид, изградија скејт-парк по терк на светските метрополи.

skejt park
скејт парк

Идејата на младите од Охрид, за изградба на „Скејт-парк“ која произлезе минатата година, конечно релизирана. Локалната самоуправа во соработка со „Ротари“ клубот од Охрид, изградија скејт-парк по терк на светските метрополи.

skejt parkОхрид и официјално ќе добие современ „Скејт-парк“. Проектот е реализиран во соработка на локалната од Охрид и „Ротари“ клубот.„ Потегот од мостот кај Езерската полиција, кој некогаш со право се нарекуваше „Ајван плажа“, сега со проектот одбојка на плажа и секако скејт паркот, ќе добие едно сосема поинакво светло“, вели градоначалникот Петрески. „Останува само да се дислоцираат објектите на езерската полиција и војската, и овој дел од градот навистина поинаку да функционира“, дополнува Петрески.

„Многу е помпезно да се каже дека јас сум главен носител на целиот проект“, вели Др.Лазар Коњаноски. „Јас во суштина бев само еден дел од тимот кој навистина несебично се вклучи во реализација на ова навистина исклучително парче земја, која е вонредно значајна за Охрид“, вели тој.

„Во иднина, на овој терен е предвидено да се организираат и натпреварувања од европски ранг, бид. теренот нуди навистина оригинални услови“, вели Зоран вељановски, член на „Ротари“ клубот.

Идејата на младите од Охрид е поткрепена и од уметникот Зоран Бишев, кој почитувајќи ги нивните желби ја дополни целокупната слика на објектот, давајќи свој придонес со цртање графити.„ Скејт паркот зафаќа површина колку ракометно игралиште и во иднина ќе се работи на негово доусовршување“, велат инвеститорите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top