Приватните станоиздавачи не ги намалуваат цените вон сезона реагираат туристичките агенции.
Приватните станоиздавачи не ги намалуваат цените вон сезона реагираат туристичките агенции.
Охрид и Струга се прескапи за гостите. На исто мислење се и тиристичките работници од градов. Има добра понуда од приватните станоиздавачи, но цените споредено со опкружувањето се доста високи нагласуваат тие. Приватните станоиздавачи не ги намалуват цените пред сезона и тие се исти со цените во екот на туристичката сезона вели Елида Битрак од туристичката агенција „Елида Турс“. Шпицот на сезоната почнува од 15 јули и трае до 20 август додава Битрак. Праксата во светски туристички центри да се издаваат соби и апартмани по пониска цена вон сезона во Охрид не важи.
Луција Поп Стефанија, приватен станоиздавач се согласува дека цените се постојани и тоа го објаснува со скапото греење во зима. Гостите бараат апартманети да се топли, да има постојано топла вода и тоа ја поскапува цената на сместувањето кажува таа. Но, има примери каде што има остапки додава Поп Стефанија и цените се намалуваат.
Во последно време понудата на приватните станоиздавачи во Охрид постојано се зголемува и се подобрува. Туристичките работници сметаат дека пазарната вредност на понудата и побарувачката на приватни легла ќе си го направи своето и цените ќе се намалат. Инаку приватното сместување во зависност од категоријата чини од 30 до 10 евра.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град