Скап проект за заштита на прекуграничниот регион Преспа

На денешната Регионална конференција во врска интегралната заштита на овој регион, стана збор за многу проблeми поврзани со сите причинители за негова деградација.

 |  Крсте Голабовски  | 
np Galicica
НП Галичица

planЕден и пол милиони евра за заштита прекуграничниот регион Преспа. Станува збор за проект со кој овој регион, ќе прерасне во трилатерален UNESCO биосферен резерват, еден вид рамка за заштитените подрачја и напорите за заштита на овој регионот. Спречување на понатамошната еколошка деградација, како и загадувањето на овој регион беа некои од точките за кои се зборуваше на конференцијата, истакна Министерот на МЖСПП, Неџати Јакупи.

Сепак на конференцијата не стана збор за органското загадување на двете езера на кое експертите предупредуваат . Така неодамна Професорот за инженеринг за заштита на животна средина при Универзитетот од Западна Австралија (UWA), проф. Јорг Имбергер, информира дека најголемата опасност од нутритиентно оптеретување за нашето езеро доаѓа од Преспанското езеро. Директорот на ЈУНПГ „Галичица“ Зоран Ангелоски пак истакна дека со одржувањето на оваа конференција, како и утрешното отаварање на информативниот центар за посетители во Стење, ќе се стави една круна на проект кој траеше цели три години.

 Nedzati jakupiИнаку станува збор 80 милиони евра инвестиција која  треба да го зачува биодиверзитетот во препанскиот регион во кој се вклучени Македонија, Грција и Албанија. Јирген Велшоф, директор на регионалната канцеларија на KFW банката, кажа дека финансирањето на овој проект е само мал дел од една многу поголема приказна.

Конкретно за овој проект досега се обезбедени 1,5 милиони евра, но ова е само мал дел од целата приказна. Нашата поддршка беше присатна и во минатото, а продолжува и понатаму, преку учество во проекти насочени кон подобрувањето на областа на водоснабдувањето, третирањето на отпадните води и други проекти во Охрид, Струга, Ресен, Корча, Поградец, потенцираше Велшов.

На конференцијата учествуваат претставници на Министерствата за животна средина на Република Албанија и Република Грција, UNESCO, KfW од Сојузна Република Германија, UNDP, претставници на Европски прекугранични биосферни резервати, национални паркови, експерти од посочената тема, претставници од меѓународни институции од областа на заштитата на природата, претставници на локалните власти во регионот, невладини организации, како и останати засегнати субјекти.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top