Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески денес остварил средба со советниците од опозицијата. На средбата како што кажа градоначалникот биле изложени гледиштата и размислувањата за она што се случува во организацискиот дел и менаџирањето со општинската администрација и општинските јавни претпријатија.
Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески денес остварил средба со советниците од опозицијата. На средбата како што кажа градоначалникот биле изложени гледиштата и размислувањата за она што се случува во организацискиот дел и менаџирањето со општинската администрација и општинските јавни претпријатија. Опозицијата смета дека има селективност во поглед на спроведување на некои кадровски решенија во општинската администрација и јавните претпријатија како и селективност во поглед на организација на работата во општинската зграда во Косел, рече Бакрачески. Градоначалникот тврди дека не постои селективност во кадровските решенија и дека никогаш не ги делел луѓето по партиска линија.
„Јас кажав дека таа зграда во Косел е активирана со цел да биде подостапна до граѓаните кои со своето место на живеење конвергираат кон тој дел на општина Охрид. Значи ние сакавме да спроведеме една замисла со која што на граѓаните од тој дел општинските административци ќе им бидат подостапни и поефикасни навремено да ги решаваат нивните проблеми. Можеби на некому му изгледа селективно, составот на администрацијата која што е таму упатена меѓутоа времето ќе покаже дали има селективност со оглед на тоа дека вработените кои во овој момент пратени таму, сигурно дека ќе ротираат.“
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град