Сивата економија во туризмот, фатална

Трагедијата што се случи со 15-те  бугарски туристи  повлече низа прашања за  состојбите во туризмот кај нас.

 |  Валентина Нелоска  | 
Ohrid
Охрид

Трагедијата што се случи со 15-те  бугарски туристи  повлече низа прашања за  состојбите во туризмот кај нас.

OhridВо мноштвото  прашања се наметнува и тоа  како престојувала и кој ја организирал бугарската туристичка група, каква е нивната  и нашата одговорност при тоа. Владо Суклоски од  Агенцијата за подршка на туризмот вели во овој случај се прекршени многу Закони. Суклоски ги потенцира немањето листа на патници при влез на нашата граница, Законот за приватно сместување, Законот за организирање на туристички групи, Законот за туристички водичи. Тука несомнено затаила работата  на инспекциските служби вели Суклоски. Додава

„Оваа  сезона треба да биде почеток на средување на туристичкиот неред или ќе биде почеток на крајот на Охрид како туристичка дестинација. Дефинитивно ова што се случуваше годинава во туризмот е типичен пример на неорганизирање на туристичките субјекти во Охрид, на инспекциските служби, на локалната самоупарава и на луѓето кои работат во тој сегмент“.  

Доколку се почитуваат  Законските прописи во туризмот, а секако тука ако се вклучат и престојните измени во насока на подобрување на законите во некои сегменти, ќе се спречат слични  несакани последици објаснува Суклоски.

„Доколку се изврши детална истрага за причините на оваа трагедија ќе сфатат сите дека сивата економија во туризмот чини човечки животи за разлика од некој други стопански гранки “ кажува тој.

Од Агенцијата за подршка на туризмот предлагаат итно средување на состојбите со дивите туристички агенции, дивото сместување, дивите туристички водичи, како и ставање ред, странските тур оператори да работат преку домашни ленд оператори, а сето тоа ќе повлече и средување на состојбите во туризмот и повеќе прилив на гости и странски инвеститори во Охрид нагласува Суклоски.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top