Преку 200 екипи распоредени во четири категории ќе имаат можност да играат одбојка, да се забавуваат и да се рекреираат.
После една година пауза, од утре па се до 29 јули, по шести пат, турнир во одбојка на плажа. Местото е познато, како и во изминатите години тоа е плажата Бафало каде натреварувачите се поделени во четири категории и тоа: Компании, аматери, јуниори и професионалци. Први ќе го скршат мразот екипите од компаниите, а доколку и вие сакате да учествувате, пријавувањето и натаму трае.
„Секоја година правилото е дека ќе дојде некој сабајле и ќе каже и ние сакаме да играме, така да генерално очекуваме некоја груба бројка од 200 екипи во сите категории. Значи први се компаниите, па аматерите, па јуниори и сениори.“-вели организаторот Методија Саздов од тимот на Beachvolleyball.
Од организацијата на турнирот задоволни од бројката на пријавени, но не само оние кои играат туку ги поканија и сите заинтересирани кои сакаат да го гледаат овој атрактивен спорт. Ветуваат многу изненадувања.
„Слоганот на нашата манифестација е спорт, забава и рекреација. Освен оној спортскиот дел, има многу забава и познати личности кои ќе играат навечер. Местиме рефлектори за да се игра и навечер. Тогаш се игра рекреативно. Кој сака може да повели. За победникот е обезбедена и награда. Секоја година, се повеќе и повеќе млади деца доаѓаат, интересен им е веројатно спортот бидејќи е многу атрактивен. Годинава се надеваме дека ќе имаме, односно веќе имаме екипи кои би дошле од надвор, веќе имаме најави од Албанија, Косово и Србија. Се надеваме дека ќе имаме одличен турнир.“-рече Саздов.
Инаку турнирот во одбојка на плажа го организира тимот од Beachvolleyball, а подршка добија и од Армијата на Република Македонија и општина Охрид. Заинтересираните кои сакаат да учествуваат во турнирот за учество плаќаат по 800 денари.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град