Сите на базен

Во Охрид повторно ставен во употреба градскиот базен.

 |  Крсте Голабовски  | 
bazen
базен

Голем ден за Охрид. Свечено ставен во употреба реконструираниот базен „Атина Бојаџи“, кој ќе функционира како дел од СРЦ. Инвестцијата на Локалната самоупра вредна сто и педесет илјади евра, е обид да заживее пливањето во нашиот град, спорт по чии успеси некогаш бевме надалеку познати. Градоначалникот Александар Петрески го пушти базенот во употреба и кажа дека станува збор за објект кој е целосно реконструиран и најсовремено направен со користење на најсовремена технологија.  Петрески додаде дека нешто што имаме треба да се надоградува постојано и да биде поубаво и поубаво, а не да се уништува.

„ Јас сум убеден дека и јас додека сум градоначалник, а и тие после мене ќе вложуваат во одржување на овој базен а јас секако ќе се потрудам да го направам и затворениот 25 метарски пливачки базен кој ќе биде веднаш до овој базен и поврзан со спортската сала, така да на едно место да имаме пливање, да имаме фитнес, еден спортски центар каков заслужува Охрид. “ рече Петрески.

bazenВеликанот на македонското пливање, Александар Леко Радич, кажа дека овој базен од секогаш имал големо значење за развој на овој спорт. Се сеќава на неговото поставување во далечната 1976 година кога истиот го донеле словенците и го монтирале за 4 дена. Овој базен го створи, го продолжи текот на пливањето во Охрид, оттука се појавија многу пливачи вели Радич.

„Седумдесет и осум охриѓани во 310 души што биле прваци на македонија, 78 се охриѓани. Многу добри пливачи излегоа одовде, “вели Радич.

Раководителот на новоформираната школа за пливање, Соња Думбалоска Делова изјави дека  веќе две децении како немавме пливачки базен. Денес со големо задоволство прекрасно е да се види сината вода на базенот од каде потекнуваат многу пливачки имиња. Покажаниот интерес за ова новотворено училиште, како од страна на децата така и од страна на родителите влева надеж дека за овој спорт има иднина.

„ Тоа значи дека повторно ќе се раѓаат пливачи, дека повторно ќе се раѓаат нови асови, нови маратонски имиња за нашиот град зошто вистински сме град на ввода а досега беше жално да немаме настап од некој наш пливач дали е на меѓународно првенство, на републичко или некој митинг“ верува Думбалоска – Делова.

partnerstvoСите спортисти ќе може бесплатно да ги користат услугите на спортскиот базен. Градоначалникот на Охрид додаде дека пречка за досегашното одлагање на реконструкција на базенот не беа финансиите туку нерешените имотно правни односи. Делови од спортскиот центар беа издадени на период од 20 години, договори кои моравме да ги почитуваме, а кои беа на штета на Охрид. Петрески го пофали проектот на Агенцијата за млади и спорт кои во близина на центарот ќе започнат со изградба на покриен базен, а најави изградба на уште еден затворен базен кој ќе биде дел од центарот „Атина Бојаџи“. На  денешната свеченост по повод отварањето на градскиот базен беше потпишан Договор за соработка, партнерство и пријателство меѓу Охрид и Трогир од Република Хрватска.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top