Со системска дератизација и годинава против глодарите во Охрид

Центарот за јавно здравје ќе започне со реализација на процесот на системска дератизација на градот.

 |  Голабовски Крсте  | 
gluvce
глувче

deratizacijaСо системска дератизација и годинава против глодарите во Охрид. Покрај штетата која ја предизвикуваат овие штетници имаат и епидемиолошко значење, бидејќи се преносители на околу 40 различни болести кај човекот дали дирекно или преку вектори. Според Законот за заштита на населението од заразни болести за дератизација на населбите и околината е надлежна Општината, со стручна и техничка помош на Центарот за јавно здравје. Како и лани така и оваа година, но овој пат еден месец порано, на 25-ти и 26-ти септември, ќе се изведе системска дератизација од страна на ЈП „Нискоградба“ на 3000 шахти во градов.

„Борбата против глодарите, глувците и стаорците треба да биде редовна и  системска мерка иако зборуваме за уништување треба да се фокусираме на намалување на нивната популација на глодачите односно нејзино одржување на еден биолошки минимум“, вели  Др.Јованка Стурлакова – Коровешоска – центар за јавно здравје – Охрид.

deratizacijaСистемската дератизација повторно ќе се спроведува со средство отпорно на вода, т.н парафински блокови, средство чие користење е одобрено од страна на Министерството за здравство и Бирото за лекови. Канализационата мрежа во централното градско подрачје и посебно стариот дел на градот и овој пат ќе бидат локациите на кои најмногу ќе им се посвети внимание.

„Секако дека градското подрачје ќе биде опфатено, тие 3000 шахти ќе се третираат во градскиот центар, бидејќи таму е најголема популацијата. Се изведуваат многу градежни работи,па живеалиштата се им се уништуваат а тие преку канализационата мрежа навлегуваат во домовите“, додава  Стурлакова – Коровешоска.

Ако минатата година беа опфатени 3000 од вкупно шест илјади шахти, годинава ќе се поставува парафински отров во останатите шахти кои не беа дератизирани минатата година. Од Центарот велат дека постапките околу договорите и тендерот завршиле, па така останува само на стручните служби да ја завршат оваа активност. Инаку, дератизацијата на просториите во училиштата, градинката и факултетите во Охрид заврши пред почетокот на учебната година.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top