Систем на работа, „Полно за празно“

Принципот „Полно за празно“ како солиден начин за работа на хотелиерите и туристичките работници, треба конечно да се применува и кај нас, согласни и едните и другите.

Donco Taneski
Дончо Танески

Принципот „Полно за празно“ како солиден начин за работа на хотелиерите и туристичките работници, треба конечно да се применува и кај нас, согласни и едните и другите.

hotelФинансискиот бенефит кој го донесува не треба де се занемари, велат тие.

Причината за очигледно лошата сезона оваа година туристичките работници ја бараат во секоја пора на туристичкото работење.

„Една од причините е начинот на кој работат, или во суштина не работат туристичките агенции“, обвинува Дончо Танески- претседателот на здружението на хотелиери.

„Факт е дека во изминативе 20 год. туристичките агенции кај нас не се издигнаа на ниво на туроператори, со цел да се реализира ефективниот „ Полно за празно“ начин на работа“, вели Танески.

„Овој начин на работа овозможува загарантиран пазар на легла“, посочува Дончо Танески.

„Оваа сезона во Охрид имаме само еден случај на закуп полно за празно, вели Танески. Се надевам дека тој ќе биде пример за ваквиот начин на работа во иднина“.   

„Спрегата помеѓу хотелите и туристичките агенции по овој принцип на работење мора да се зајакне“, вели Зоран Стрезоски, дир. на агенцијата за развој на туризмот.

„Тоа ќе оди во прилог на збогатување на туристичката понуда, а патем ќе овозможи и поголем финански бенефит. Ние во целост ја поддржуваме оваа идеја и истата во иднина мора да се практикува“, вели Стрезоски.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top