Сипријан Кацарис на „Охридско лето“

Неговиот синоќешен концерт во црквата Св.Софија, не остави никого од публиката рамнодушен.

 |  Голабовски Крсте  | 
Cyprien Katsaris
Сипријан Кацарис

 

Овој кипарско-француски пијанист, за прв пат на „Охридско лето“ настапил во 2007-та година. Кацарис не го криеше своето воодушевување, што настапува во простор како што е црквата Св.Софија, бидејќи на својот роден Кипар, тоа едноставно не било возможно. Тој додава дека да се настапува во ваков монументален објект, за него претставува вистинско доживување.

Cyprien Katsaris„Акустиката е неверојатна, јас секогаш го правам ова пред да започнам со изведбата, и гледам дека постои природна акустика. А знам што зборувам кога говорам за фестивалите, бидејќи триесет години бев уметнички директор на Меѓународниот фестивал во Луксембург, во Естернар, кој исто така е дел од Меѓународната асоцијација на фестивали, каде и „Охридско лето“ е член“, потенцира Кацарис.

Овој пијанист и композитор, исто така е и лауреат на бројни меѓународни натпревари. Како уметник со изразен музички профил, авторитет, силна индивидуалност и особено чувство за романтичниот стил, Кацарис ги претставува најголемите уметнички вредности на својата генерација. Неговата интернационална кариера вклучува настапи со најголемите светски оркестри како Берлинската филхармонија, Симфонискиот оркестар од Берлин, Виенскиот камерен оркестар, Royal Concertgebouw Orchestra, Јапонската филхармонија, Симфонискиот оркестар на Санкт Петербуруг и многу други. Соработувал со диригенти како Леонард Бернштајн, Мстислав Ростропович, Сер Сајмон Ратл, Чарлс Дутоа, Николаус Харнонкурт, Сер Чарлс Мекерас, Владимир Федосејев. Инаку неговиот синоќешен концерт, започна малку поразлично од вообичаено, а еве ја и причината.

Cyprien Katsaris„Традиција била во 18 век која згинала во 19-от век, уметниците како Шопен, Лист, Талберг, започнувале со импровизација, пред нив биле и Моцарт, Бетовен и Бах, но денес само пијанисите и изведувачите на органа импровизираат, па сакам по малку да ја заживеам оваа загубена традиција со импровизација над најразлични теми кои во моментот ќе ми дојдат во мојата глава“, вели Кацарис.

После интересниот старт на концертот Кацарис продолжи со традиционалната програма, и сонатите на Хајдн, на Шуберт, како и  Бетовен, додека во вториот дел изведе дела од Шопен и Лист.
Инаку овој реномиран пијанист, ја пофали програмата на овогодинешното „Охридско лето“ како по својата содржина така и по квалитетот, на изведувачите кои учествуваат.
Сипријан Кацарис е  основач и член на пијано квинтетот „Кацарис“, кој веќе не постои. Тој вели дека е многу тешко, заедно да се донесат двајца пијанисти од Берлинската филхармонија, и уште други двајца за да настпуваат заедно. Но се надева дека би можело да се направи некој камерен состав, кој во себе ќе содржи реномирани уметници од балканскиот регион.Дискографијата на Кацарис содржи голем број ремек дела од литературата за пијано.Инаку синоќешниот концер беше финансиски поддржан од канцеларијата на ЕУ во Македонија.

Вечерва во рамките на фестивалот „Охридско лето“ во 21 часот на просторот на Заливот на коските ќе биде поставена претставата „Архелаос“, по текст на Јордан Плевнеш, во режија на Владо Цветановски, а во изведба на Драмскиот театар од Скопје.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top