СИНОКА ВО ОХРИД НА НЕКОЛК ЛОКАЦИИ ЗАПАЛЕНИ КОНТЕЈНЕРИ ЗА ОТПАД

Синоќа во Охрид на неколку локации беа запалени пластични контејнерни за депонирање на комунален отпад. На социјалната мрежа Фејсбук се огласи охридскиот градочачалник Константин Георгиевски со осуда за овој вандалски чин.

 |   | 

„Најостро го осудувам палењето на контејнери на неколку локации кое се случило вчера вечер. Уништувањето и вандализмот мора силно да се санкционираат и затоа ги повикувам надлежните да ги откријат вандалите. Ваквиот чин е неразбирлив за мене,а штета трпат сите граѓани на Охрид“ напиша Георгиевски.

Тој пати голема благодарност до противпожарната служба која брзо и навремено реагираше и спречи евентуална поголема штета. Охрид е туристички град каде мирот и спокојството на граѓаните и туристите е од најголемо значење, а ваквите настани даваат лоша слика за туристичкиот бисер.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top