Симултанка во Охрид

Петнаесетина дечиња од шаховската школа Ласкер од Охрид и од шаховскиот клуб од Струга денес играа симултанка со интернационален мајстор. Ова за нив беше единствено искуство бидејќи во Охрид досега немало ваков спортски настан.

 |  Јаковлева Лионела  | 
sah
шах

Симултанка во Охрид. Петнаесетина дечиња од шаховската школа Ласкер од Охрид и од шаховскиот клуб од Струга денес играа симултанка со интернационалниот мајстор Никола Димовски. Тие беа видно возбудени бидејќи ова е нивно прво вакво искуство.шахисти

Димовски кажа дека шахот е негова љубов и опсесија од најмали нозе. Тој има одиграно многу симултанки. Неговиот рекорд е на  40 табли. Во неговото шаховско досие има многу награди, многу натпревари и рекорди. Овој интернационален мајстор за прв пат игра симултанка во Охрид.

Шаховската школа Ласкер постои речиси една година. Таа сеуште не е регистрирана како клуб и работи во склоп на здружението на математичари. Нејзините оснивачи се надеваат дека во иднина ќе прерасне во клуб, но за тоа се потребни финансиски средства кои во моментов ги немаат.

Во Шаховската школа Ласкер членуваат 16 деца. Најмалиот член има 5 год а најстариот 17. Тие досега учествувале во младинската лига, а во месец јуни ќе се одржи натпревар за поединечна лига за шах во Струга.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top