ОУ „Христо Узунов“, со низа активности го одбележува својот патрон, 39 од постоењето на училиштето, како и 111 годишнината од смртта на големиот револуционер Хрисдто Узунов.
39 години гордо го носиме името на големиот револуционер Христо Узунов, истакна директорот на истоименото училиште Тони Симоноски. И денес продолжуваат бројните активнсти по повод чествувањето на патрониот празник. Годинава отпочнуваме со една значајна традиција, односно делегациите од збратимените училишта од Крагујевац, Врање и Будва ќе ги носиме во посета на куќата на Христо Узунов, открива директорот. Симоноски, вели дека сеуште очекуваат општина Охрид да му придаде поголема важност на големиот Узунов.
„Ние сме едни од иницијаторите за именување на малиот плоштад кај старата библиотека во името на Христо Узунов и ќе бидеме горди тоа да се оствари. Секако дека јас мислам не само Христо Узунов тука би го спомнал и Петар Чауле Марко Бошњаков кои што заслужуваат и тоа како достојни споменици во нашата општина. Се надевам дека нашата Локална самоуправа ќе снајде сили да дадеме достојна почит на нашите претци кои животот го дале за нашата татковина“ – истакна Симоноски.
Денес исто така беа доделени наградите за ликовниот и литературниот конкурс. Првенецот на генерација Викторија Паноска, со пофални зборови за училиштето, вели дека нејзиниот успех е резултат на добра настава, дружба и посветениот наставен кадар.
„Чуството е прекрасно да може да се претставува ова школо како и убавината и искуствата кои ги доживеав во ова училиште засекогаш ќе ги паметам“.
Прва награда на литературниот конкурс падна во рацете на Емилија Танеска. Таа кажа дека ова не е прв пат да биде првонаградена и со многу емоции опшиша како во еден расказ ја опфатила цела култура на Македонија
„Тоа е всушност за целата историска култура на Македонија и синџирот е искован од алки за татковината, љубовни песни и многу други алки…се потрудив во тој синџир да вклопам се за да добиеме една целина“.
Во рамките на одбележувањето на патрониот празник на ОУ „Христо Узунов“, делегација со претставници на Советот на општина Охрид, од OУ “Христо Узунов” положија цвеќе на бистата на Узунов во училишниот двор, а исто така директорот одржа пригодна реч. Одбележувањето продолжува со изложба и Свечена Академија во Центарот за Култура, а утре со полагање на цвеќе на бистата на Узунов на Плоштадот.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град