Силен земјотрес во западниот дел на Македонија

Земјотрес со јачина од пет степени според локалната Рихтерова магнитуда е регистриран изутринава во западниот дел на Македонија.

 |   | 

Земјотрес со јачина од пет степени според локалната Рихтерова магнитуда е регистриран изутринава во западниот дел на Македонија.

Земјотесот, кој се случи во 4.54 часот, е почувствуван на целата територија на земјава. Епицентарот се наоѓал 50 километри југозападно од Скопје во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар во близина на Маврово, на длабочина од 8,5 километри.

Потресот е најсилно почувствуван во Тетово и Гостивар, но и во Охрид, Скопје, Прилеп и во Битола. Нема информации за материјална штета.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top