Нема безбедна и сигурна Европа без безбеден и сигурен Балкан

Министрите за одбрана на земјите-членки на САД-Јадранската повелба седнаа на заедничка маса и се договорија како да се подобри регионалната соработка а со тоа и мирот и стабилноста во регионот и пошироко. Министерот Џафери посочи дека нашата земја и досега и отсега  придонесувала кон безбедноста и мирот и на глобално ниво.

 |  Јаковлева Лионела  | 
talal dzaferi
талал џафери

Нема безбедна и сигурна Европа без безбеден и сигурен Балкан, истакна Министерот за одбрана на РМ, Талал Џафери на конференцијата на министрите за одбрана на земјите-членки на САД-Јадранската повелба. Оваа конференција која денес се одржа во Охрид се одвиваше под мотото„Здружено кон глобалниот мир и безбедност“. Министерот Џафери рече дека сите земји-членки на САД-Јадранската повелба даваат долгорочен придонес во меѓународни операции и во регионалната безбедност. Нашиот заеднички успех и унапредувањето на регионалната соработка е пристап на двојна добивка за мирот и стабилноста во регионот и пошироко. konferencija

Министерот Џафери посочи дека нашата земја придонесува кон безбедноста и мирот и на глобално ниво, со што се потврдува и целта на партнерството во рамките на САД-Јадрнаската повелба од 2003 година, за регионално зајакнување на билатералната, регионалната и мултилатералната соработка и здружениот придонес во евроатлантската безбедност. Тој кажа дека Македонија е за билатерална соработка и ќе учествува во заедничкиот придонес во Авганистан по 2014 година, како и за конкретни проекти во духот на концептот „паметна одбрана“, во насока на натамошно унапредување на регионалната соработка.

На конференцијата присуствуваа министри и високи претставници од министерствата за одбрана на земјите-членки на САД-Јадранската повелба, земји-набљудувачи и земји-гости, претставници на САД и НАТО, одбранбени аташеа, дипломати, НАТО-советодавниот тим во Република Македонија, како и претставници на останати релевантни институции. Конференцијата претставува континуитет на процесот воспоставен помеѓу земјите, со цел промоција на регионалниот дијалог, зајакнување на регионалната соработка, како и јакнењето на националните капацитети.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top