Штрајк со глад во потрага по правда

Тригодишната голгота на Јовче Спиркоски продолжува пред Основниот суд во Охрид. Човекот кој цели три години живее кај пријатели, комшии па дури и црковни конаци, од денес се сели пред Охридскиот суд. Конакот на црквата Света Богородица Перивлепта каде досега живееше Јовче, наскоро ќе се руши, а семејството Спиркоски повторно останува на улица. Незадоволен од правосудниот систем, Спиркоски од денес штрајкува со глад пред судот.

 |  Мишел Наумоски  | 
strajk so glad
штрајк со глад

strajk so gladНема крај на тригодишните маки на семејството Спиркоски од Охрид. Откако пред три години им беше одземена куќата поради неподмирен заем, тие се снаоѓаат како знаат и умеат. Јовче Спиркоски е крајно незадоволен од правосудниот систем. Тој вели: „Охридскиот суд три пати проба да ми ја врати куќата, прво ми дадоа една привремена мерка, но кога во Битола истата ми ја поништи судијата Љубомир Бошески, ми дадоа втора времена мерка, која повторно судијата ја поништи. Вака може да оди 100 години.“ Спиркоски се прашува како е можно Охридскиот суд да пресудува во негова корист, а Битолска апелација да ги поништува тие пресуди.

„Сега имаме поднесено жалба до Врховен суд, Врховен суд можам да го замолам ако некој гледа телевизија колку може побрзо да ми го реши проблемот, затоа што уште два-три дена каде што сум, куќата од црквата, од конакот треба да се иселам и јас нема да и правам спор на црквата, тие ме примија како човек, јас нема да бидам ајван, ќе си ги соберам алиштата и ќе дојдам овде пред судот заедно со децата и жената. Веќе немаме каде. Три години по роднини, по комшии, по пријатели, по цркви.“-вели Спиркоски

strajk so gladКонакот од црквата Света Богородица Перивлепта каде што досега живееше семејството Спироски деновиве мора да се руши бидејќи црквата ќе градела нов конак. Во недостиг на решение за нивниот проблем, Спиркоски се селат пред Охридскиот суд, но полни со благодарност за црквата која им дала место за живеење во изминатите две години.

„Не може да биде потрагично, не може. На едно семејство да му ја затвориш куќата, да нема кај да оди, на улица. Јас не паметам вакво нешто, јас имам 42 години. Луѓе велат и војна имало ама жената и децата не биле малтретирани од никого ни од војска ни од никого, а ова што се случува кај мене е страшна работа.“-додава револтираниот Спиркоски

Проблемите на Спиркоски започнуваат уште во 2002 година кога наводно бил склучен договор за заем во износ од 11500 евра, пари кои Спиркоски тврди дека никогаш не биле префрлени на негова сметка, а доказ за тоа му е банкарската сметка која што ја поседува. Поради овој неплатен долг надлежните органи ставиле клуч на неговата куќа, а ова семејство буквално останало на улица. Од денес, тие својата правда ќе ја бараат штрајкувајќи со глад пред Охридскиот суд.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top