Што е тоа управување со ризикот во претпријатијата?

Изминативе два дена, студенти, осигурителни компании и регулаторни тела, имаа можност да добијат одговор лично од професор д-р Том Ајупа, експерт од полето на управување со ризиците.

 |  Мишел Наумоски  | 
upravuvanje so rizici
управување со ризици

Студенти, осигурителни компании, како и регулаторни тела од областа на осигурувањето, изминативе два дена имаа можност да слушаат за управувањето со ризикот во претпријатијата. Семинарот на тема „Транзицијата од класично, во управување со ризици во претпријатија“ беше воден од страна на професор д-р Том Ајупа, долгогодишен соработник на Факултетот за туризам и угостителство и експерт од областа на управувањето со ризиците.

rizici menadzment„Учесниците добиваат сертификати за присуство на семинарот, но она што е поважно е тоа дека добиваат знаење кое што им се пренесува од врвен стручњак од областа. И не само знаење, туку добиваат и материјали и насоки за литература, за имплементација на тоа знаење во осигурителните компании и мислам дека тоа е најважното.“-вели професор д-р Цветко Андреески, продекан на Факултетот за туризам и угостителство.

Управувањето со ризиците во претпријатијата е поширок поим од класичното управување со ризиците. Иако се развива само во последните 15тина години, проф.д-р Ајупа вели дека се повеќе регулаторни тела бараат од фирмите да им покажат како тие управуваат со ризиците. Осигурувањето е само еден од многуте начини за управување со ризикот.

„Претпријатијата користат превенција од загуби, и она што ние го викаме Закон на големите броеви. Ако размислите како работат осигурителните компании, ќе видите дека тие имаат голем број на луѓе кои ги осигуриле и со тој голем број, може многу точно да процените колкава загуба ќе имате. Ако една компанија има голем број на единици, тогаш може да го направи истото што и осигурителната компанија, но и да заштеди пари затоа што нема да мора да и плажа на осигурителната компанија за тоа. Затоа компаниите кои имаат веќе голем број на единици, можеби и се служат со некој од методите и техниките на управување со ризиците.“-рече професор д-р Том Ајупа, експерт од областа на управување со ризиците.

prof. d-r Tom AjupaМакедонија е релативно млада земја во однос на управувањето со ризиците и осигурувањето, оттука, проф.д-р Ајупа смета дека има простор за натамошно развивање. Една од критичните точки, вели дека е управувањето со ризиците на работното место.

„Од она што јас го имам како информација, знам дека нема формален план во Македонија. Ако некој се повреди на работно место, нема обврска кај фирмата, барем колку што јас знам, да плати за тие повреди. Западноевропските земји на овој принцип работат долги години. Во САД го имаме уште од почетокот на 1900те години. Па мислам дека следниот чекор за Македонија ќе бида да воспостави програма за компензација на работниците.“-вели професор Ајупа.

За управувањето со ризиците, проф.д-р Ајупа вели дека тоа е само логично размислување или со други зборови, тоа значи управување и справување со можноста за неповолно отстапување од она кое сте го очекувале. Или за да биде појасно Д-р Ајупа даде интересен и едноставен пример, за да го надмините ризикот од успивање и доцнење на работа, го местите алармот да ве разбуди.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top