Што е следно….тенк?!

Охридското езеро денес на 30тина метри од брегот, во близина на градското пристаниште, исфрли сандак полн со експлозивни направи.

 |  Крсте Голабовски  | 
kej
кеј

kejОхридското езеро продолжува на своите брегови да исфрла експлозивни направи. Денес, случаен минувач забележал сандак полн со експлозивни средства. Подрачната единица на Дирекцијата за заштита и спасување од Охрид, е носител на акцијата за безбедно складирање и уништување на истите. Раководителот на единицата Васа Стефкоска информира дека станува збор за околу 40 експлозивни направи, од кои 36 се против пешадиски распрскувачки мини, 3 рачни бомби со дрвена рачка и 4 запалки за бомби со дрвена рачка. Според Стефкоска, експлозивните материјали потекнуваат од првата светска војна. Покрај подрачната единица на Дирекцијата за заштита и спасување, во акцијата учествувале и службите на езерската полиција, СВР Охрид и Здарвствен дом. Инаку, во петокот, на истата локација езерото исфрли рачна бомба која потекнува од Втората светска војна и е од германско производство.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top