Што се крие во утробата на езерото?

Најопасниот комунален смет-медицинскиот отпад распослан долж охридското крајбрежје. За Државниот инспектор при Министерството за ЖСПП Игор Трајкоски, отпадот е со поминат рок и според него не претставува опасност.

 |  Биљана Николовска  | 
med. otpad
мед. отпад

med. otpadНајопасниот комунален смет-медицинскиот отпад распослан долж охридското крајбрежје. За Државниот инспектор при Министерството за ЖСПП Игор Трајкоски, отпадот е со поминат рок и според него не претставува опасност.

Шприцеви, инфузии, шишиња од сирупи, празни скатули од таблети, е само дел од отпадот кој што од саботата се наоѓа покрај крајбрежниот дел на езерото. Очигледно состојбата со медицинскиот отпад исплива на површина. ТВМ во повеќе наврати информираше за овој сериозен проблем. Нерешавањето на истиот од страна на надлежните, доведе до оваа грда слика и закана за еколошка катастрофа. Доколку членовите на здружението на велосипедисти „Еко Дром“, кои први  го забележаа отпадот, не се обратеа до нашиот медиум, Министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи немаше ни да дознае за оваа темпирана бомба. Секретарот на здружението, Горан Митрески, рече „мора да се пронајде виновникот и јавно да се каже од каде дојде ова зло на местото каде што играат деца“.
„Единствениот виновник, без префрлање на топката од еден на друг е Државниот инспектор за Животна средина и просторно планирање“, вели Танас Танасоски раководител на локалното одделение за инспекциски надзор. Тој додаде дека време е државата да реагира и еднаш засекогаш да ги реши проблемите кои се во нејзина надлежност.
Откако го запознавме Министерот со актуелниот еколошки проблем, тој го прати државниот инспектор да направи увид во состојбата на терен. Оваа слика воопшто не е алармантна за Државниот инспектор  на МЖСПП Игор Трајкоски. Тој изјави дека ја увидел состојбата и ќе бидат  превземени  сите потребни мерки за надминување на проблемот. А според него, „отпадот е со поминт рок“ и не претставува посериозна опасност.
Овој проблем кој денес исплива на површина е уште еден показател за несистематското решавање на проблемите, независно дали за тоа се надлежни локалните или државните институции. Крајно време е проблемите долгорочно да се решаваат а не да се туркаат под тепих.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top