Шпаркасе Банка донира возило на Заводот за нефрологија Струга

Автомобилот стар четири години , го поднови децениски стариот  амортизиран возен парк на болницата. . Со него ќе се  олесни транспортот на вработените и пациентите, а воедно ќе придонесе и  за поквалитетна здравствена услуга.

 |  Соња Рилковска  | 

Збогатен возниот парк на Заводот за нефрологија Струга.  Јавната здравствена установа денес доби возило „Цитроен Ц 4“ од страна на  „Шпаркасе банка“.
Автомобилот стар четири години , го поднови децениски стариот  амортизиран возен парк на болницата. . Со него ќе се  олесни транспортот на вработените и пациентите, а воедно ќе придонесе и  за поквалитетна здравствена услуга.

„Раководството на Заводот дојде пред Нова година и кажаа дека имаат проблеми  со транспортт со пациентите замолија за помош со возило. Нашата стратегја е дел од приходите што банката ги остварува во текот на работењето да ги споделува со заедницата каде шт работи и да поддржува проекти. Ова е хуман проект истовремено овозможува и пациентите да бидат посреќни и да добиваат поефикасни здравствени услуги“, вели Глигор Бишев главен извршен директор на „Шпаркасе“ банка.

„Намената на возилото ќе биде генерално за персоналот и по потреба за пациентите кои ги транспортираме по околните места Струга и Охрид за оние кои прават редовни дијализа три пати неделно. Се надевам на помош и од други установи во земјава, приватни бизнисмени и оние кои моѓат да го помогнат здравството и го помагаат“, вели Александар Попоски в.д. директор на Завод за нефрологија.

Во 2019 на Заводот за нефрологија потребни му се дополнителни 10 нови апарати за дијализа, бидејки  во добра состојба исправни има само 13 останатите од вкупно педесет се застарени и потребно е возобновување.

„Секако треба нова апаратура се надевам на помош од Фондот за здравствено осигурувањеи  министерството за здравство кои што секогаш стоеле позади нас. Се надевам за неколку години сите апарати кои што се над 25000 часови, која е стандард норма во Европска унија дека и ние ке ја достигнеме и ќе имаме понови апарати со помалку часови“, додава Попоски.
На болницата итно и е потребна и реконструкција на кровот на зградата стара 35 години.
„Итно е потребна реконструкција на кровот, а има и други работи набавка на еден апарат ултразвучен за ехо на абдомен и уринарен тракт и други тековни работи“., подвелува Попоски. Моментално на хемодијализа во Заводот за нефрологија се вкупно 115 пациенти. Болницата во септември одбележа 40 години од првата хемодијализа во Струга. Заводот опслужува преку илјада пациенти  од регионот  Албанија, Косово и Србија.

Како дел од долгорочната стратегија за корпоративна општествена одговорност, Шпаркасе Банка Македонија преку платформата Sparkasse Life реализирa проекти од областа на здравството со цел подобрување на здравствените услуги преку логистичка поддршка.Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е дел од Ерсте и Шпаркасе Групацијата, која се состои од 49 штедни банки со речиси 2 века постоење на финансискиот пазар во Република Австрија. Воедно, таа е една од најсилните банкарски групации во Европа.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top