Танцот во светот е мошне почитуван, и ако музиката е храна за душата тогаш танцот е храна и за телото и за душата. Светските почитувачи и вљубеници на играта посветиле и ден на танцот, кој кај нас помина незабележано. Во Охрид на танцот најмногу му се радуваат најмладите велат раководителите на фолклорните и танцовите друштва. Преку 1000 млади луѓе членуваат во голем број фолклорни друштва, во школата за модерни танци и балетската група, но не и повозрасните вели Коле Петкуќески раководител на танцов клуб „Охрид“. Методија Баркоски Менде раководител на фолклорното друштво „Ѓердан“ кажува дека на времето во хотелите Палас, Инекс или Десарет било вообичаено, и возрасните и помладите да играат современи танци или оро, додека денес веселбите се прават на маса, без играње, затоа што нема простор.
И додека повозрасните охриѓани не покажуваат интерес да се релаксираат со танц, било да се работи за народен фолкор или современи танци, странците се наша спротивност. Во мај, во Охрид доаѓаат групи составени од повозрасни членови од Холандија, Германија и Скандинавија со намера да го научат токму македонскиот фолклор.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град