Под покровителство на Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов околу 40 млади луѓе од целата земја, идни политички, културни и стопански предводници на нашата земја, ќе имаат можност да ги надградуваат и усовршуваат своите вештини како и да ја развиваат својата креативност и менаџерските способности.
„На Македонија не и се потребни лидери само во политиката. Нас лидери ни се потребни во сите области“, истакна Претседателот Ѓорге Иванов, иницијаторот и покровител на Школото за млади лидери, кое втора година по ред се одржува кај нас. Претседателот Иванов кажа дека интенцијата на ова школо е на едно место да се собере креативниот потенцијал на нашата држава, од различни области професии интереси и полиња на дејствување. Тој пред се заблагодарувајќи се на бизнис заедницата, која по втор пат го подржа овој проект на идните лидери им порача дека треба да очекуваат дека одсега па натаму се повеќе ќе бидат дирекно вклучени во носењето на одлуки при креирањето на македонското општество.
„Ова навистина е позитивен пример кога државата и бизнис заедницата се во партнерски однос. Кога сето она што е вложено во овие млади луѓе ќе се враќа на бизнис заедницата зошто се претставата кај нас за лидер е секојпат оној што е во политиката. Не, нас лидери во Македонија ни требаат во сите области. Ни требаат и во бизнисот, во образованието, во спортот, културата уметноста,во сите сфери од секојдневниот живот ни требаат луѓе кои знаат да водат“ истакна Претседателот Иванов.
Пал Георг фон Хабсбург Лотринген, Амбасадорот за европски прашања во владата на Р. Унгарија, обраќајки се кон идните македонски лидери, им порача дека кога ќе станат лидери секогаш на ум треба да имаат дека оставрувањето на целта, не е толку важна колку патот кој до неа води.
„Не е толку важно да се остварат големи цели, но многу е важно тоа да се постигне чекор по чекор. И за вас ќе се суди многу повеќе според она што секојдневно го правите и она што секојдневно го правите како лидер за да ги постигнете вашите цели отколку кога ќе го постигнете тоа и ќе станете успешни. Многу поголем успех ќе постигнете кога на патот до успехот секој ден ќе можете да се погледнете во огледало и да кажете дека тоа сте го постигнале следејќи ги вредностите во животот, според етичките и морални стандарди,“ потенцира амбасадорот.
Мисијата на школата која за прв пат беше организирана во 2010 година е да ги стимулира позитивните вредности кај младите лидери и идни политички,културни и економски предводници на нашата земја, но и да го развие нивниот капацитет за справување со предизвиците на глобалната технологија, меѓународната конкуренција и културната и религијска диверзификација.Школата ќе трае десет дена од 22 до 31 август, а на неа учество ќе земат 40 луѓе од целата земја од различни области професии интереси и полиња на дејствување.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град