Широкопојасен интернет столб на секое информатичко општество

Денес, во Охрид, презентирани податоците од импактот што развојот на овој вид интернет го има врз еконимиите на европските земји.

 |  Крсте Голабовски  | 
Ivo Ivanovski
Иво Ивановски

Денес, во Охрид, презентирани податоците од импактот што развојот на овој вид интернет го има врз еконимиите на европските земји.
Министерот за информатичко општество Иво Ивановски изјави дека бројките кои доаѓаат од Европската комисија, Организацијата на Обединетите нации и како и Светската Банка, а се однесуваат на развојот на овој вид интернет и неговото влијание врз БДП и степенот на вработенст во европските земји, се неверојатно позитивни.
Користењето на овој вид интернет овозможува зголемување на продуктивноста и е предуслов за раст на Бруто домашниот производ и кај нас, потенцира Ивановски и додава дека на ред е предлогот на Владата, до Агенцијата за електронски телекомуникации, за одредување на дигиталната дивиденда. Станува збор за ослободување на фрекфенцијата која ја користат телевизиите и нивно дигитализирање до крајот на 2012 година. Широкопојансиот интернет е еден од најважните предуслови за развој на информатичкото општество и за пристап до дигиталните содржини што ги нуди современата ИКТ технологија, додаде тој. Претседателот на МАСИТ, Горан Митрески потенцира, дека, што се однесува до ситуацијата со информатичката инфраструктура, кај нас, резултатите се позитинвни.
Инаку, на неколкудневната конференција на СЕИТА и МАСИТ, која се одржува во Охрид, и е една од најважните конференции во Југоисточна Европа во оваа сфера, ќе стане збор и за други теми кои се од заеднички интерес за ИКТ индустријата, приоритетите на регионалните ИКТ индустрии, предвидувањата на пазарот, како и неколку заеднички ИКТ проекти од земјите во регионов.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top