• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Шикоски: Ништо од ветените реформи во образованието и европските прнципи за квалитетно образование

Шикоски: Ништо од ветените реформи во образованието и европските прнципи за квалитетно образование

Образованието повторно тема на прес конференција на ОК на ВМРО ДПМНЕ. Советникот Дејан Шикоски зборуваше за укинувањето на проектот за рано изучување на германски јазик поддржан од „Гете“ Институтот и амбасадата на Германија кој се реализираше во ОУ „Григор Прличев“.

 |   | 

СДСМ и градоначалникот Стојаноски создадоа колапс во образованието. Самоволието на раководните органи во училиштата никако да запре, обвинија денеска на прес конференција од ок на ВМРО ДПМНЕ. Градскиот советник од оваа партија, Дејан Шикоски посочи дека трета недела од почетокот на учебната година  учениците уште не ги добиле учебниците по сите предмети, а од бесплатниот превоз ни трага ни глас. Тој се задржа на укинувањето на проектот за рано изучување на германски јазик во ОУ „Григор Прличев“ -Охрид, поддржан од „Гете“ Институтот и амбасадата на Германија.

„Проектот за рано изучување на јазикот во три училишта во Македонија, каде што по една паралелка во генерација го изучува германскиот јазик, се укинува во ОУ „Григор Прличев“, едно од трите училишта, само затоа што Директорот не го продолжува.
Ако знаеме дека Советот на Европа бара наставата по странски јазици да започне што е можно порано, тогаш зошто Директорот ги укинува овие паралелки?“- кажа Шикоски.

Покрај ускратувањето на можноста на првооделенците , советникот Шикоски кажа дека  учениците што веќе започнале да го изучуваат јазикот сега прекинуваат при што неизвесно е  ќе се случи со сертификатите  коишто треба да ги добијат. Ова се тие европски норми и принципи со кои се поигруваат со учениците, наставниците и сето тоа без никаква консултација со родителите, обвини советникот.

„Ништо од ветените реформи во образованието, ништо од европските прнципи за квалитетно образование. Во ниедно училиште не се изврши реконструкција на училишната зграда, кров, реновирање на тоалети и санитарни јазли. Извршена ли е дезинфекција, дератизација и дезинсекција, за да создадете оптимални услови за почеток на новата учебна година?“

ОК на ВМРО ДПМНЕ бара Државниот просветен инспекторат да ги преземе сите мерки во врска со последните случувања со учебниците, бесплатниот превоз, паралелките и лошата состојба во образованието, а раководните органи да сносат одговорност.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top