Шест нови наслови во Градската Библиотека Охрид

И оваа среда од НУ Библиотека Охрид ви препорачуваат за читање уште шест нови наслови од домашната и светска издавачка продукција.

 |   | 

И оваа среда од НУ Библиотека Охрид ви препорачуваат за читање уште шест нови наслови од домашната и светска издавачка продукција.

На пултот за зајмување во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид можете да ги побарате следниве книги:

„Куклата на Ана“ од Наде Стоиљковиќ во издание на Сакам книги, „Теорија за кучешката година“ од Милован Стефановски – Матица македонска,  „Вишнов ликер“од Влада Урошевиќ издание на Магор.

Достапни за сите сегашни и идни членови на библиотеката се и следните бестселери: „Мали тајни“ од Џенифер Хилиер и „Мртва ладна“ од Луиз Пени обете во издание на Антолог и „Херој“ од Саманта Јанг од издавачот Сакам книги.

Годишната членарина во НУ Библиотека „Григор Прличев“ за возрасни чини 300, а за деца 200 денари. Библиотеката со читатели работи од понеделник до петок, од 8 и 30 до 18 и 30 часот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top