Шеќеринска, Таневски и Лазаревска на средба со жители на Лескоец

Со жителите на Лескоец разговаравме за нивните приоритетни потреби. Ќе продолжиме и понатаму да вложуваме и да даваме поддршка за развој на руралните средини, порачаа кандидатите за пратеници од СДСМ И Коалицијата Можеме, Радмила Шеќеринска, Лазе Таневски и Жаклина Лазаревска при средбата со лесковчани.  

 |   | 

Носителот на листа во 5тата изборна единица, Радмила Шекеринска и кандидатите за пратеници Лазе Таневски и Жаклина Лазаревска имаа теренски активности во Лескоец.
Со жителите на Лескоец разговаравме за нивните приоритетни потреби. Ќе продолжиме и понатаму да вложуваме и да даваме поддршка за развој на руралните средини, порачаа кандидатите за пратеници од СДСМ И Коалицијата Можеме, Радмила Шеќеринска, Лазе Танески и Жаклина Лазареска при средбата со лесковчани.  
Особен интерес кај мештаните предизвикале  приоритетите на СДСМ  предвидени за развој на модерно и одржливо земјоделство. Во програмата предвидена е годишна финансиска поддршка од 200 милиони евра за земјоделците, поддршка од 10 000 € за развој на микро и мали претпријатија во руралните средини, 3000 ден. субвенции за плата на нововработени работници помали од 25 години, зелена нафта до крајот на мандатот до 100%, 20% годишно зголемување за поддршка на жените земјоделки, бесплатна обука за фармери за поддршка на органското производство.
Покрај  локалните приоритети, потреби но и проблеми биле разгледани и 6 столба од програмата МОЖЕМЕ  за подобар живот и сигурна иднина.
Шеќеринска, Танески и Лазароска пред жителите на Лескоец уште еднаш го посочија нивните заложби поместени во прогармата, раст на платите до 2024 година, зголемување на минималната плата до 40 отсто, а просечната  до 30 отсто, држава со европски здравствен систем, до крајот на мандатот изградба на нови 777 социјални станови низ државата, обезбедување ЕКО држава, 60.000 домаќинства во следните четири години ќе добијат бесплатен еко инвертер  и членството во Нато како  влезница во ЕУ.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top