Жителите на улицата „Крали Марко“ бараат да се постави сферно огледало

Жителите на улицата „Крали Марко“ бараат да се постави сферно огледало поради слабата прегледност на оваа сообраќајница. Од Фондот за комунален развој и сообраќај  велат дека мештаните треба да направат петиција и да ја достават кај нив па за да започне постапката за поставување огледало.

 |  Јаковлева Лионела  | 
sferno ogledalo
сферно огледало

Улицата „Крали Марко“, непрегледна и небезбедна, се жалат мештаните. Тие велат дека некои од жителите си ги прошириле дворовите со узурпација на општинско земјиште па со тоа се намалила прегледноста на коловозот. Приклучувањето во главната улица „Стив Наумов“ која е многу фреквентна станува опасно.

-Многу деца одат на училиште, а и ние возрасните се плашиме да излезиме на улица. Пред извесно време две деца со точаци се судрија ако не закочеа навреме можеше некоја кола да ги прегази. Затоа бараме да се подобри безбедноста на улицава, вели  Цветко Јанкулоски-жител на улицата „Крали Марко“.ул.крали марко

Жителите на овој потег бараат да се постави сферно огледало како би се решил проблемот со намалената прегледност. Вакво барање уште пред неколку години поднеле до Фондот за комунален развој и сообраќај, но останало без никаков епилог. Сега повторно се обратиле во Локалната за да пратат инспектори на терен за да ја воочат состојбата, но никој не дошол, тврди Јанкулоски. Од Фондот велат дека мештаните треба да направат петиција и да ја достават кај нив па за да започне постапката.ul.krali marko

-Сите постапки кои се однесуваат  на безбедноста  на сообраќајот се во координација со СВР по дојава на стручни служби  на општина Охрид или на граѓаните кои приметиле дека некоја точка е критична. Слободно нека се обратат до фондот да видиме за што станува збор, вели Љупчо Танески од Фондот за комунален развој и сообраќај.

Танески објаснува дека во градов на сите места каде било потребно веќе се поставени сферни огледала. Но, за жал кажува тој поради несовесни граѓани повеќето од нив се искршени. Апелира да не се прават вакви вандалски испади бидејќи со уништувањето на огледалата се загрозува безбедноста во сообраќајот, а општината тоа ја чини пари бидејќи едно сферно огледало се набавува за 200 до 250 евра. Овој апел важи и за сопирачите на брзина или популарно наречените легнати полицајци. Танески објаснува дека во тек е тендерска постапка за набавка на овие помагала во сообраќајот. Старите ќе се обноват, а на некои места каде досега немало а за кои граѓаните со петиција побарале да се стават, ќе бидат поставени.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top