Пластични шишиња, хартија, метални шипки и што уште не, може да се најде под боровата шума на патот кој води кон хотелот Инекс Горица и кон вилата на претседателот. Од ЈП Комуналец велат дека немаат ингеренции да го чистат овај потег, но имаат добра воља.
Околината на патот кој води кон хотелот со пет ѕвездички, Инекс Горица и кон вилата на претседателот и останатите државни објекти, затрупана со смет. Овој најрепрезентативен дел од Охрид нималку не изгледа репрезентативно со расфрланото ѓубриште покрај патот. Пластични шишиња, хартија, метални шипки и што уште не, може да се најде под боровата шума. Големиот број рекреативци кои ја користат оваа патека зад нашата камера коментираа дека ова е најфрекфентниот дел за љубителите на природата, и никогаш досега истиот не бил во ваква лоша состојба.
„ До лани овде поминуваше трактор и го собираше сиот смет, меѓутоа оваа година состојбата е сосема поинаква“, додаде нашиот соговорник.
Од општинскиот инспекторат посочуваат дека запознаени се со овој проблем но тешко е да се реши бидејќи дел од земјиштето е државно, а дел на хотелот Инекс Горица. Сепак ветија дека во најскоро време ќе изнајдат начин да се исчисти овој потег. Добра воља покажаа и од ЈП Комуналец. Од таму велат дека иако не е во нивна надлежност ќе го исчистат брдото со цел подигање на еколошката свест и подигнување на степенот на заштита на животната средина.
Тие потсетија и на новата акција за расчистување на расфрланиот отпад покрај магистралниот пат Охрид -Св.Наум која ја започнаа неодамна.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град