Сеуште средношколци, а веќе научници-генијалци

Охрид  е плодна почва за генијалци. Потврда за ова храбро тврдење добиваме дури од Освего универзитетот во САД.

 |  Мишел Наумоски  | 
sertifikati genius
сертификати џиниус

Дали вие познавате некој научник-генијалец? Јас запознав дури двајца, а ако мислите дека нема ништо невообичаено за нив, доволно е да ви кажам дека станува збор за двајца средношколци. Бранка Бунташеска и Никола Таштаноски се двете деца кои буквално од ништо успеаа да создадат нешто или во случајов, да создадат електрична енергија од органско обоени соларни клетки. Не чудете се, и јас немам поим што значи тоа, па ги замолив да ми објаснат.

Branka i Nikola vo SAD„Значи тоа е иновативност, не е оној стар начин на добивање на соларна клетка преку силикон, туку еден нов начин, начин кој што нема да ја загадува животната средина туку преку органска боја која може да се добие од овошјата. Неа ја користиме како основен елемент, и со останати хемиски елементи се добива таквата соларна клетка која што за разлика од силиконската, не ја загадува животната средина. Преку таквите соларни клетки, може значи една соларна клетка, има потенцијал да произведе електрична енергија.“-вели Бранка Бунташеска.

Бранка и Никола не ја оставиле оваа идеја само како средношколски експеримент. Не, напротив, со овој проект кој што го изработиле, се пријавиле на Олимпијадата за генијалци која годинава се одржа во Освего универзитетот во САД.

ceremonija dodeluvanje nagradi„Станува збор за интернационална еколошка олимпијада, и на оваа олимпијада учествуваат средните училишта од целиот свет. Се сретнавме со голем број на проекти. Аплицираа вкупно 657 проекти оваа година, а беа прифатени само 248 меѓу кои бевме и ние за прв пат. Беше голем предизвик да се соочиме со ученици кои доаѓаат од училишта за наука кои имаат точно такви предмети, а ние од една општа гимназија, од Јахја Ќемал да дојдеме и да претставиме еден труд, да се претставиме себеси и воедно Охрид и Македонија.“-рече Никола Таштаноски.

Замислете, од сите овие 248 прифатени труда, Бранка и Никола, успеаа да завршат на четвртото место, што автоматски за нив значеше добивање на стипендија за студирање на Освего универзитетот во висина од 16.000 долари годишно. Но сепак патот до САД и до оваа олимпијада за нив не беше баш лесен.

naucen stand Makedonija„Иако многумина мислат дека изработката на проектот е најтешкиот дел, сепак не беше така. Сепак тешкото за нас беше по изработката на проектот. Се соочувавме со два месеци каде што и самите не бевме сигурни дали ќе ни се оствари сонот да ја видиме Америка. За молбите кои ги испративме до дури 30 фирми немавме никаков одговор, значи чекавме буквално два месеци. Поради таквото чекање дури и авионските карти, цената нон-стоп им се зголемуваше, но ете се најде компанија која што ни излезе во пресрет и ни помогна да одиме во Америка.“-додава Бранка.

И Бранка и Никола со благодарност зборуваа за Електрани на Македонија кои се единствената фирма која одговорила на нивните повици.  Имајќи го предвид огромниот успех кој овие двајца генијалци го постигнаа во САД, навистина е тажен фактот дека никој не сакал да им излезе во пресрет. Но тоа е сега зад нив. И едниот и другиот велат дека науката е она на кое сакаат да се посветат. Сепак недостигот на научни институции од областите кои ги избрале, за жал нивните погледи ги упатуваат далеку од Македонија, а повеќе кон Освего универзитетот во САД.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top