Сеуште голем е процентот на семејно насилство

Средба на Координативното тело за семејно насилство  од Охрид.

 |  Крсте Голабовски  | 
domestic violence
семејно насилство

koordinativno teloПретставници на Центарот за социјални грижи, секторот за внатрешни работи, комисијата за еднакви можности при советот на општина Охрид, како и претставници на невладините организации, дискутираа во врска со состојбата со семејното насилство во регионов. Тие се обидоа да ги лоцираат и идентификуваат проблемите со кои овие институции најмногу се среќаваат при борбата со овој вид насилство. Олгица Апостолова, член на координативното тело изјави дека состојбата е алармантна. Проблемите се присутни и  во врска со намалувањето на пријавите за семејно насилство и во врска со спроведувањето на законските одредби кои се однесуваат на семејното насилство. Апостолова додава, дека проблемот во целост е многу покомплексен.

Степенот на пријавување на насилство е многу мал, а уште помала е стапката на покренување на кривични постапки. Бројките се поразителни. Во 2008 година на подрачјето на Охрид се евидентирани 47 жртви на насилство од кои 42 се жени, а 5 мажи. До основниот суд од Охрид истата година се пристигнати 11 предмети во врска семејно насилство од кои, 6 се отфрлени или завршени, 3 се во тек, 1 постапка е запрена и 1 е одбиена. Или станува збор за 0% казнување на насилникот. Апостолова со објаснување и во врска со оваа појава.

Што се однесува до Струга пак, воопшто нема пријавување на семејното насилство. Од Центарот за Социјални работи кои имаат директен контакт со жртвите, велат дека после пријавувањето на случаите се прави првична проценка, се обезбедува сместување на жртвата доколку се констатира дека има потреба од тоа. Сместувањето  може да биде максимум 3+3 месеци. Исто така отаму информираат дека постојат услови за згрижување на родители жртви заедно со децата. Инаку семејното насилство од 2004 се третира како кривично дело и е регулирано со Законот за семејство како и Кривичниот законик.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top