Шести пат „Матурска парада“

Точно напладне, денес охридските матуранти беа дел од европската манифестација „Матурска парада 2013та“. Тие играа на звузите на штраусовата опера лилјакот синхронизирано со своите врсници од стотина градови од земјава и Европа. На охридскиот плоштад парадата ја отвори Градоначалникот  Бакрачески кој на матурантите им посака успех и остварување на нивните соништа.

 |  Николоска Биљана  | 
kvadril
квадрил

Охридските матуранти и годинава традиционално танцуваа квадрил на звуците на  штраусовата опера „Лилјакот“. На „матурската парада“ учествуваа 360 матуранти од гимназиските, економските и медицинските паралелки. Дел од нив за ТВМ изјавија дека овој момент долго ќе го паметат.

kvadrilПред почетокот на парадата, на матурантите им се обрати д-р Никола Бакрачески, градоначалникот на Охрид. Тој им порача достоинствено и храбро да чекорат по патот што секој сам си го осмислил, да бидат цврсти во своите одлуки за напредок во животот на начин без да бидат нарушени човековите, етички вредности. Исто така ги посоветува да се посветат на стекнување високо образование, вистинско знаење, затоа што според Бакрачески тоа е една од вредностите која никогаш не може да биде одземена.

„Денес имавме можност да присуствуваме на еден несекојдневен и вистина величенствен настан и да бидеме дел од една масовна прослава на одбележување на матурската парада 2013 година на која што охридскиот матуранти на прекрасен начин го одбележаа овој чин. Чуството на задоволство и среќе кај мене не помал од оној на родителите на денешните матуранти“-изјави градоначалнико Бакрачески.

Во делот за подготовки на танцот и годинава проф. Соња Думбалова Делова ја имаше главната улога. Таа е задоволна од матурантите и рече дека подготовките за изведба на квадрилот  траеле нешто повеќе од еден месец.

kvadril„Интензивна работа зошто не е лесно со олкава бројка на матуранти 400 да се научат да играат. Меѓутоа со нивна несебичност и поддршка успеавме повторно да го собориме рекордот и да влеземе во Гинисовата книга на рекорди“-изјави Думбалова.

Директорот на гимназијата Наум Рилкоски, нагласи дека како и секогаш работата на Светиклиментовата гимназија се отсликува со дела и со покажан успех. Само минатата година биле 5 ти по успех на државната матура и годинава очекуваат тоа да се повтори.

„Денеска мислам дека перфектно изгледаше, како и секоја година матурантите максимално беа добро подготвени мислам дека од година во година е се подобро и така ќе биде и во иднина. Оваа прилика ја користам да им ја честитам матурата нека се здрави живи и весели и секако тие се едно огледало за идните генерации“-вели Рилкоски.

Матурската парада е интернационален настан што истовремено се одвива во стотина градови во 11 држави во Европа. Годинава во Охрид таа се одржа по шести пат. Покрај родителите на децата манифестацијата ја следеа и повеќе личности од јавниот и општествениот живот.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top