Шест години од смртта на Влатко Пантовски и Наумче Аврамоски

Денеска се навршуваат шест години од смртта на Влатко Пантовски – диџеј Пантер и Наумче Аврамоски – диџеј Бруце, кои трагично ги загубија животите во сообраќајната несреќа што се случи на 24 септември 2008 година околу 21 часот во близина на превојот Буково.

 |  Голабовски Крсте  | 
didzei
диџеи

Денеска се навршуваат шест години од смртта на Влатко Пантовски – диџеј Пантер и Наумче Аврамоски – диџеј Бруце, кои трагично ги загубија животите во сообраќајната несреќа што се случи на 24 септември 2008 година околу 21 часот во близина на превојот Буково.

didzeiВо спомен на Влатко и Наумче, членовите на мото клубот „Мото Охрид” во неделата ја извозија рутата од Охрид, преку Струга, Дебар, манастирот Бигорски, преку Маврово и Кичево, повторно до Охрид, а рекреативна тура денеска возат и велосипедистите од Охрид и Струга.

Споменот на своите колеги не дозволуваат да избледи и од охридската медиумска заедница. Во спомен на колегите Влатко Пантовски и Наумче Аврамовски кои беа дел од екипата на охридското Супер радио, но и на Петар Алексоски од Тв М и Јован Слатинец – диџеј Мравка, чии животи исто така завршија прерано, охридските новинари и вработените во локалните Тв и Радио куќи, и интернет портали, во недела 28 септември во спортската сала „Климент Колески“, ќе одиграат ревијален фудбалски натпревар.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top