Утрово околу 4 часот во близина на дискотеката Парк се случил сериозен инцидент поврзан со вчерашниот фудбалски натпревар.
Шест лица од албанска националност од кои едно со американско и едно со швајцарско државјанство кои се превезувале со два автомобили, сопреле такси возило со тројца српски и еден македонски државјанин. Ги извлекле од возилото и со боксови и тврди предмети почнале да ги удираат по телото.
Според информациите на полицијата причина за нападот бил загубениот фудбалски натпревар на Шкендија.
Сите напаѓачи се приведени во полициската станица Охрид и се работи на целосно расчистување на случајот, информираат од МВР.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град