Серија обвиненија на сметка на Митре Вељаноски

Не стивнуваат страстите помеѓу Атанско Михаилов од Заводот за здравствена заштита и Митре Вељаноски од секторот образование.

 |  Aleksandra Zafirovska  | 
Atanasko
Атанаско

Не стивнуваат страстите помеѓу Атанско Михаилов од Заводот за здравствена заштита и Митре Вељаноски од секторот образование.

Atanasko MihailovПродолжуваат препукувањата на релација ЗЗЗ – Локална самоуправа. Имено, првиот човек на охридскиот завод, Атанаско Михаилов овојпат упатува критики за работењето на Митре Вељаноски, советник за образование при локалната. „Пред одреден период, вели тој, дознав дека локалната од Охрид оформила комисија за превенција од зависности. Можам да дадам пофалба и да кажам дека е добро што ова тело е формирано, меѓутоа во рамките на истото треба да се вклучат луѓе кои се стручни и упатени во својата работа. Локалната има многу ингеренции во полето на превентивното здравство и во новиот закон за јавно здравје стои дека таа треба да партиципира дури и во процесот на управување на ценрите за јавно здравје. На крајот на краиштата јавното здравје е локален проблем на секоја самоуправа. Поради тоа е потребна синхронизација, активно учество на стручните институции како и на граѓаните. Одговорно тврдам дека центарот за јавно здравје има стручен кадар и програмски определби по кои работиме во борбата против зависности. Имаме кадар кој е едуциран токму за таа намена, а воопшто и не бевме известени за формирањето на ова тело. Сметам дека со тоа локалната направи огромен пропуст“, обвинува Михаилов.

По упатените обвинувања од страна на Михаилов, Вељаноски вели: „Да, Локалната самоуправа од Охрид формираше тело за превенција од зависности, меѓутоа пред две години и поканети беа сите релевантни структури. Советот во тогашниот состав и комисијата за општествени дејности, во која беа вклучени социолози и лекари од сите сегменти, сметаа дека вакво тело на градот навистина му е потребно. Целта на комисијата беше преку едукативни материјали и предавања, преку стручни служби составени од психолози и педагози, во училиштата да се делува превентивно за последиците од употреба на наркотични средства. Никој, никогаш и никому не му забранил да даде свој прилог во таа борба. Тоа тело и тие негови членови, не се на платен список на локалната, што значи дека тоа е отворен орган и секој кој сака може да се вклучи со стручна помош или сугестии, во секое време. И не знаеме од каде се информациите зошто бил овој или не бил оној. Тоа претставува тело од загрижени родители кои сакаат да дадат свој придонес. Ние сме само морална поддршка на оваа комисија, како би дале свое учество во превенцијата од зависности“, вели Вељаноски.

„Од ваквата несоодветна комуникација, помеѓу нас единствено и најмногу трпат граѓаните. Да не дозволиме да се повтори народната: Ако сакаш некоја работа да не се заврши, тогаш формирај комисија“,
вели Михаилов.

Останува да се стивнат тензиите помеѓу овие две институции па работите да завземат регуларен ток.
Така нивното работење ќе има вистински ефект и нема да остане само на хартија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top